Возачот на Ферари, Шарл Леклер, славеше во возбудлива завршница на Големата награда на Италија
Возачот на Ферари, триумфираше на патеката во Монца, оставајќи го зад себе тандемот на Мекларен Оскар Пјастри и Ландо Норис.
Возачите на портокаловите болиди тргнаа од првиот ред , а Пјастри го престигна Норис за лидерската позиција уште во првиот свиок. Дуото на Мекларен ги смени гумите во последната четвртина од трката, прво Норис, а потоа Пјастри.
Тоа го искористија возачите на Ферари, прво Леклерк, а потоа Саинц и се најдоа на чело на караванот.
Сепак, Пиастри и Норис успеаја да го минат Сајнц, но не и Леклер, кој изненади и не влезе во боксот повторно да менува гуми, иако тоа веројатно го очекуваа во Мекларен.
Ова беше шеста победа за возачот од Монако во Формула 1, а втора во Монца, по 2019 година.