Ракометната федерација на Македонија (РФМ), денеска го одржа редовното годишно собрание.
Покрај реферирањето за сработеното, донесените бројните одлуки, собранието мина во знакот на најавата на претседателот Живко Мукаетов за негово повлекување.
„Уште сега можам да најавам дека, следното собрание ќе биде одржано меѓу 15 февруари и 1 март.
Тоа ќе биде Изборно собрание, а јас нема да бидам кандидат за претседател на истото“,
изјави Живко Мукаетов.
Инаку Мукаетов веќе трет мандат е на чело на РФМ, откако во март 2013 година го наследи Михајло Михајловски.