Убави вести за македонскиот спорт денеска најави ресорниот министер Борко Ристовски. Парите за т.н. „ваучер“ се обезбедени во буџетот и ќе се исплаќаат во септември.
Воедно министерот Ристовски најави и дополнителни 85 милиони денари за новата програма. Таа е наменета за спортистите и клубови те кои се натпреваруваат во меѓународната сцена.
„Наредната недела ќе бидат објавени повиците кои ќе важат за сите спортски федерации и клубови кои се натпреваруваат во Европа.
Ќе биде еден значителен финансиски инпут и за сите спортски федерации и за сите спортски клубови кои се натпреваруваат во Европа.
Министерството за спорт изминатите два месеци работеше напорно. Направивме неколку измени на закон, со кои критериумите од т.н. ваучерски систем во најголем дел ги тргнавме.
Она што значеше корупција во тој систем го тргнавме од вреднувањето на добивање на финансиски помош од државата, истакна Ристовски.
Според Национална стратегија за спорт, нагласи, најголем дел во финансирањето ќе ги носат четири федерации, кои и носат најголеми успеси на Македонија.
„Македонија од сега па натаму ќе живее еден поинаков финансиски свет, ќе живее една поинаква финансиска помош во спортот, која ќе значи вложување во спортот вложување во млади и во врвниот спорт.
Нема да бидат заборавени сите гранки.
Целта е развој на врвниот спорт, поддршка на младите таленти во државата како на домашен така и на меѓународен план“, рече Ристовски.
Две недели по добивањето на средствата за врвен спорт, информира дека ќе следува и финансиска помош од државата која се нарекуваше ваучерски систем, но сега ќе се нарекува поинаку.
„Доаѓаат поубави времиња за спортот, времиња во кои ќе се вреднуваат вистинските вредности. Времиња во кои Македонија ќе се грижи за спортот и за своите чеда.
Нема да дозволиме никаква корупција во спортот и сите средства кои се наменети од државата и сите субјекти кои ќе ги добијат ќе бидат строго контролирани.
Сите средства кои ќе ги добиваат таканаречените спортски надежи ќе бидат строго контролирани и нема да дозволиме повеќе средствата од државата да се трошат за небитни работи“,
заклучи министерот за спорт, Ристовски.