Најдобрата македонската фудбалска репрезентација на почетокот на следниот месец, ќе го почне новиот циклус во Лигата на Нациите.
Селекторот Благоја Милевски денеска ќе го објави списокот со играчи на кои ќе смета за првите два натпревари. Во нив противници ќе бидат селекциите на Фарските Острови и Ерменија.
Македонија ќе игра во третата квалитативна конкуренција „Ц“ и тоа во групата 4 во која покрај овие две репрезентации за противник ќе ја има и селекцијата на Летонија.
Првиот натпревар македонските фудбалери ќе го играат на гости кај Фарските Осѕтрови на 7 септември (15 часот). Три дена подоцна (10 септември) во Скопје ќе ја пречекаат Ерменија (20.45 часот).
Картите за овој натпревар ќе бидат пуштени во продажба во понеделник (2 септември).