Благоја Милевски селекторот на најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија ги објави имињата на играчите кои ќе го почнат новиот циклус во Лигата на Нациите.

На списокот се 26 фудбалери, речиси сите оние кои ги одиграа претходните квалификации.

Дарко Велковски е без клуб, а Дени Илиев е повреден, па тие не се на списокот на Милевски. Затоа, деби повик во најдобрата селекција доби Кристијан Трапановски од шкотски Данди Јунајтед.

Од новиот циклус, Милевски очекува да биде мината групата, а потоа преку дополнителните квалификации да се игра во квалификациите за Мундијалот. 

,,Пред прозивката само посакувам сите повикани да бидат здрави и да се стават на располагање на репрезентацијата, без разлика кој колкава минутажа има во своите клубови и во каква форма се. Тоа е најдоброто што во моментов го има Македонија.

Оваа Лига на нации, дава можност за пласман на Светско првенство, но патот до таму е навистина тежок.

Не очекуваат противници кои се незгодни, физички одлично подготвени, играат дисциплинирано и со доста динамика.

Мирен сум дека пред септемврискиот циклус, речиси сите ги минаа подготовките и се максимално спремни, за разлика од јунскиот прозорец кој секогаш ни бил проблематичен“. “, истакна селекторот Милевски. 

Во септемврискиот циклус Македонија прво ќе гостува на Фарски Острови, а потоа ја пречекува Ерменија.

Собирот на репрезентацијата е закажан за во понеделник 2 септември.

СПИСОК НА ПОВИКАНИ ФУДБАЛЕРИ

ГОЛМАНИ:
Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Валенсија (Шпанија)
Дамјан ШИШКОВСКИ – Борац Бања Лука (БиХ)
Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички
ОДБРАНА:
Висар МУСЛИУ – Падерборн (Германија)
Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар (Унгарија)
Јован МАНЕВ – Адана Демирспор (Турција)
Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли (Саудиска Арабија)
Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Тољати (Русија)
Ахмед ИЉАЗОВСКИ – Хвидовре (Данска)
Стефан АШКОВСКИ – Шанлиурфаспор (Турција)
Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова (Романија)
Дарко ВЕЛКОВСКИ
СРЕДЕН РЕД:
Енис БАРДИ – Трабзонспор (Турција)
Јани АТАНАСОВ – Краковија (Полска)
Агон ЕЛЕЗИ – Бохум (Германија)
Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице (Полска)
Елиф ЕЛМАС – Лајпциг (Германија)
Исник АЛИМИ – Сепси (Романија)
Давид БАБУНСКИ – Данди Јунајтед (Шкотска)
НАПАД:
Бојан МИОВСКИ – Џирона (Шпанија)
Милан РИСТОВСКИ – Бохемианс 1905 (Чешка)
Дарко ЧУРЛИНОВ – Јагиелонија (Полска)
Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук (Хрватска)
Лирим ЌАМИЛИ – Сондерјиске (Данска)
Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин (Хрватска)
Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Данди Јунајтед, Шкотска)