Бранителот на титулата на Отвореното првенство во САД, Новак Ѓоковиќ се пласира во 3.коло на последниот годинашен Гренд слем.
Ова откако Новак ја доби српската пресметка со Ласло Ѓере, односно неговиот сонародник го предаде мечот во третиот сет.
Србите играа два часа и 12 минути, кога Ѓере на почетокот на третиот сет побара медицински тајм-аут, а потоа се повлече од игра. Претходно Ѓоковиќ ги доби првите два сета со 6-4, а во третиот имаше предност од 4-2.
Противник на Ѓоковиќ во следната рунда ќе биде Алексеј Попирин. Австралиецот беше подобар од Педро Мартинез од Шпанија со 3:0 во сетови.
Пласман во 3.коло од носителите обезбедија: (3) Алкараз, (4) Зверев, (6) Рубљев, (7) Хуркач, (8) Руд, (9) Димитров).