Македонскиот ракометен вице-првак Вардар, во претстојната сезона, покрај обврските на домашната сцена, ќе има и обврски на европската. Вардарци ќе бидат дел од групата „Ф“ групата, во ЕХФ Европска лига.
Како и секоја сезона, црвено-црните очекуваат нивната „армија“ на навивачи, популарните „Комити“ да ја исполнуваат салата „Јане Сандански“ и да им даваат поддршка.
Затоа вардарци веќе ги пуштија во продажба сезонските карти за сите натпревари кои ќе ги играат на домашен терен.
Детали за продажбата на сезонските карти на РК Вардар
Сите кои имаат купено сезонски билет имаат предност за резервирање на истите места. Потоа следува регуларната продажба на сезонските влезници.
Продажбата ќе се врши преку продажната мрежа на МКТикетс (онлајн и на нивните продажни места)
Сезонскиот билет ќе важи за:
– сите натпревари од грпната фаза на Лига Европа
– сите натпревари од главна фаза на Лига Европа
– сите натпревари од првенството на Македонија
– сите натпревари од Куп на Македонија (каде домаќин е Вардар)
Цената на сезонскиот билет е 3.600 денари
Сектор: А2, А3, А5 и А6 – 4.200 денари
Приоритетната продажба на билети ќе биде заклучно со 1 септември. Сите што лани имаат купено сезонски билети можат да ги задржат истите места. Потребно е на клупскиот e-mail contact@rkvardar1961.com да го приложат ланскиот билет и да ја направат резервацијата.
Од 2 септември ќе почне регуларната продажба на сезонските билети. Наскоро ќе бидат објавени детали како и каде ќе може да се изврши купувањето на истите билети. Продажбата ќе трае до 20 септмеври.
Пред секој натпревар ќе се продаваат поединечни билети за настапите во Лига Европа, и во домашното првенство, а за цените дополнително ќе има известување.
За сите дополнителни информации можете да не контактирате на следниот телефонски број 070 936 601 или на contact@rkvardar1961.com.