Во понеделник (2 септември), ќе започне продажбата на билети за натпреварот Македонија – Ерменија. Натпреварот од новото издание на Лига на Нации, ќе се игра на 10 септември (20:45 ч.) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.
Цената на влезница за натпреварот изнесува од 200 и 400 денари.
1500 денари е цена на влезница во ВИП ложа на северната трибина на Националната арена „Тодор Проески“.
Продажбата на билети за натпреварот Македонија – Ерменија ќе се организира исклучиво преку продажната мрежа на MKTickets со физичко присуство на купувачите.
Билетарата на Националната арена „Тодор Проески“ ќе биде отворена на денот на натпреварот, 10. септември од 10:00 часот.
Цени на билети:
Северна трибина – 400 денари;
Јужна трибина – 400 денари;
Западна трибина – 200 денари;
Источна трибина – 200 денари;