Актуелниот ракометен првак на Македонија, Еурофарм Пелистер и ова лето во рамките на подготовките за новата сезона ќе биде учесник на меѓународниот турнир во Добој.

Пелистерец ќе бидат единствен претставник од Македонија, на овој турнир насловен како „турнир на шампионите“.


Зелено-белите се дел од групата „А“ во која за противници ќе ги имаат екипите на, Црвена Звезда, Татабања и Загреб.

Во групата „Б“ ќе играат, унгарскиот Веспрем, домаќинот Слога, турскиот Бешикташ и екипата на Ал-Ахли.

Традиционалниот турнир во Добој ќе се одржи од 28 август до 1 септември. Еурофарм Пелистер во минатото двапати го освојуваше овој турнир во 1996 и 1997 година.