Актуелниот шпански првак Реал Мадрид ја оствари првата победа во новата сезона во Ла Лига.
Откако во вториот меч одигра 1-1 со Мајорка, денеска Реал убедливо со 3-0 го совлада Ваљадолид.
Сите три гола „кралевите“ ги постигнаа во второто полувреме.
Валверде во 50-тата го отвори резултатот. На вториот гол се чекаше се до 86.минута кога стрелец беше Дијаз.
Стрелец на третиот беше 18-годишпиот Бразилец, Ендрик (90+4), кој во седум минути претходно влезе на местото на Мбапе.