Македонскиот репрезен3нтативец Бојан Миовски го имаше своето деби во шпанската Ла Лига.
Штипјанецот, го одигра првиот свој натпревар во дресот на екипата на Џирона.
Сепак Миовски не можеше да му помогне на својот тим да избегне пораз од Атлетико на гостувањето во Мадрид.
Домашниот тим славеше убедлива победа со 3-0, а стрелци на головите беа: Гризман (39), Љоренте (48) и Коке (90+4).
Миовски одигра половина час откако беше уфрлен во игра во вториот дел односно 59-тата минута.
Веќе во четврток Миовски и Џирона ќе го играат натпреварот против Осасуна по што следуваат тешки гостувања кај Барса и Валенсија за која годинава брани Столе Димитриевски.