Во англиската Премиер лига попладнево веќе се одиграа два натпревари во кои беа постигнати вкупно 10 голови.
Екипата на Челзи славеше убедлива победа на гостувањето кај Вулверхемптон со 6-2. Дека ќе биде ефикасен овој меч се виде уште во првиот дел во кој беа постигнати четири гола (2-2), а двата тима по еднаш имаа водство.
Во вториот дел на сцена стапи Мадуеке кој оствари хет-три, а во листата на стрелци се впиша новото засилување Жоао Феликс за конечни 6-2 за Челзи.
Затоа пак Њукасл едвај се извади бод на гостувањето кај Борнемут и освои бод.
Со голот на Таверниер (37.минута), домашниот тим имаше предност се до 76-тата.
Тогаш Гордон успеа да ја затресе мрежата на домаќините и да израмни на 1-1. Тоа подоцна се покажа како конечен резултат на натпреварот.