Последен ден натпревари на меѓународниот ракометен турнир во Охрид, „Крсте Андоновски“. Денеска на програмата се натпреварите за пласман.
Први на теренот во салата „Биљанини Извори“ излезат ракометарите на црногорскиот Ловќен и домаќинот Охрид. Тоа ќе биде дуел за претпоследното седмо место во конечниот поредок.
По него ќе следува српската пресметка меѓу Партизан и Динамо Панчево кои ќе играат за петата позиција.
Во попладневниот термин, а за третото место, ќе играат словенечкиот Целје и грчкиот Олимпијакос.
За крај е предвиден финалниот меч. Во него, како што впрочем и најголемиот дел од јавноста очекуваше, за трофејот ќе се борат ракометарите на Вардар и Алкалоид.
Тоа практично ќе биде реприза на полуфиналето во Купот на Македонија од минатата сезона, но и дуел на екипите кои завршија на второто и третото место на табелата.
Воедно овие два тима ќе бидат и главните ривали на актуелниот првак Еурофарм Пелистер во трката за титулата во претстојната сезона.
Ракометен турнир „Крсте Андоновски“ – Охрид 2024
24 август сабота
10:30 за 7.место ОХРИД – ЛОВЌЕН
12:30 за 5.место ПАРТИЗАН – ДИНАМО ПАНЧЕВО
17:45 за 3.место ЦЕЛЈЕ – ОЛИМПИЈАКОС
20:00 финале АЛКАЛОИД – ВАРДАР
Сите натпревари ќе може да ги гледате ВО ЖИВО на Јутуб каналот на РФМ и низ ТВ преносите на МРТ3