Фудбалерите на Брајтон ја освоија втората победа сезонава во Премиер лигата. Во натпревар од 2.коло Брајтон ги израдува домашните навивачи победувајќи го Манчестер Јунајтед со 2:1 со голот на крајот од натпреварот.

По првото полувреме Брајтон беше во водство, откако во 32.минута Дени Велбек погоди за 1:0. Тоа беше негов 100-ти гол во клупската кариера во сите натпреварувања.

Две минути подоцна Рашфорд постигна гол, кој беше поништен поради офсајд. Затоа пак, Манчестер Јунајтед до израмнувањето стигна во 60-тата минута со погодокот на Амаду Диало.

Десет минути подоцна и Џошуа Циркзи ја затресе мреежата на домаѓините, но и тој гол беше понмиштен портади офсајд.

Кога сите очекуваа дека со нерешен исход ќе заврши натпреварот, во петтата минута од судиското надополнување, Жоао Педро го совлада Онана за ерупција на стадионот „Амекс“ и радост и победа на домашниот тим.