На меѓународниот ракометен турнир во Охрид, „Крсте Андоновски“ денеска на програмата се последните три натпревари со кои ќе се комплетира фазата по групи.
На теренот во салата „Биљанини Извори“ први ќе изладат ракометарите на Алкалоид и Ловќен.
Тимот предводен од македонскиот селектор Кирил Лазаров веќе оствари две победи, а црногорскиот има два порази. Составот од Автокоманда ќе ја има улогата на фаворит, а со победа ќе го потврди првото место во „А„ групата. Дуелот ќе почне во терминот од 16.30 часот. Во оваа група грчкиот Олимпијакос ќе заврши како второ пласиран, а Динамо Панчево би бил трет.
Така Алкалоид в сабота би играл во финалето, Олимпијакос за третото место, а Динамо и Ловќен за петтото и седмото.
Кои ќе бидат нивните противници ќе дознаеме по натпреварите што ќе се играат во рамките од „Б„ групата.
Во терминот од 18.45 часот домаќинот Охрид ќе се бори за третото место против белградски Партизан.
Во дербито од оваа група македонскиот вице-првак Вардар против словенечкиот Целје ќе играат во натпреварот за првото место, а со тоа и за финале. Овој натпревар ќе почне во терминот од 21 часот.
Љубителите на ракометот кои не ќе можат да бидат во салата „Биљанини Извори“ натпреварите ќе може да ги следат во живо на Јутуб каналот на РФМ и низ ТВ преносите на МРТ3