По двомесечна пауза во Германија, започнува новата сезона во најквалитетната фудбалска конкуренција Бундес лигата.

Новата сезона 2024/25, ќе биде отворена вечерва во Менхенгладбах каде Борусија ќе хо пречека шампионот Баер Леверкузен.

Популарните „фармацевти„ од Леверкузен покрај шампионскиот трофеј, минатата сезона го освоија и Купот, а играат и во финалето на Лига Европа.

И во новата сезона избраниците на Чаби Алонсо ќе бидат главни фаворити за одвојување на пехарите. Секако нивни најсериозни ривали ќе бидат Баер Леверкузен и Борусија Дортмунд.

Секако не треба да биде заборавен и тимот на Лајпциг во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Ељиф Елмас. Тој со својата екипа ќе го пречека составот на Бохум во кој настапува уште еден македонски репрезентативец Агон Елези.

Тоа впрочем се и петте екипи кои ќе ја претставуваат Германија во елитната УЕФА Лига на шампиони.

БУНДЕС ЛИГА – 1.КОЛО

Петок
20:30 Борусија Менхенгладбах – Баер Леверкузен
Сабота
15:30 Аугсбург – Вердер Бремен
15:30 Фрајбург – Штутгарт
15:30 Хофенхајм – Холштајн Кил
15:30 Мајнц – Унион Берлин
15:30 Лајпциг – Бохум
18 :30 Борусија Дортмунд – Ајнтрахт
Недела
15:30 Волфсбург – Баерн
17:30 Ст. Паули – Хајденхајм