Ракометарите на Алкалоид ја остварија и третата победа на меѓународниот турнир во Охрид. Тимот од скопска Автокоманда попладнево го победи црногорскиот Ловќен со 34-30.
Серафимов со 6 гола беше прв стрелец во редовите на Алкалоид за кој Џонов и Петковски постигнаа по 5, а Бинго 4.
Со оваа победа Алкалоид го потврди првото место во „А“ групата. Во неа грчкиот Олимпијакос ќе заврши како второ пласиран, а Динамо Панчево трет, додека Ловќен е последен. Така Алкалоид в сабота би играл во финалето, Олимпијакос за третото место, а Динамо и Ловќен за петтото и седмото.
Кои ќе бидат нивните противници ќе дознаеме по натпреварите што ќе се играат во рамките од „Б„ групата.
Во терминот од 18.45 часот започна натпреварот меѓу домаќинот Охрид кој против белградски Партизан ќе се бори за третото место
Во дербито од оваа група македонскиот вице-првак Вардар против словенечкиот Целје ќе играат во натпреварот за првото место, а со тоа и за финале. Овој натпревар ќе почне во терминот од 21 часот.