Една од најстарите спортски манифестации во Македонија, меѓународниот Струшки ракометен турнир, започнува денеска со два натпревари.

На 52-ро издание на овој турнир ќе учествуваат шест екипи, четири македонски и по една од Шведска и Грција.

Покрај домаќинот Струга, тука се и бранителот на трофејот од лани Вардар, македонскиот првак Еурофарм Пелистер и екипата на Тиквеш. Од Шведска доаѓа составот на Гуиф, додека од Грција тимот на ПАОК.

Екипите се поделени во две групи, па откако секој со секого ќе одигра по два натпревари, ќе се знае конечниот поредок, по што ќе следува разигрувањето за пласман. Двете првопласирани ќе се борат за трофејот, второ рангираните за 3.место, а последно пласираните во групата ќе разигруваат за петата позиција.

Вардар е најтрофејниот тим на ова натпреварување со 14 освоени трофеи, еден повеќе од Еурофарм Пелистер (13).  Според реномето и квалитетот овие два тима би требало и годинава да играат во финалниот меч во сабота.

Традиционално, натпреварите ќе се играат на отвореното игралиште „Горан Попоски Бабец“ покрај популарната „Женската плажа“.

СЕ ЗА СТРУШКИОТ РАКОМЕТЕН ТУРНИР