Иако веќе се одиграа неколку квалификациски рунди во трите европски фудбалски купови, сепак официјално, новата сезона започнува вечерва. Традиционално со дуелот за трофејот во Супер купот на УЕФА, се означува почетокот на новата сезона.
Така ќе биде вечерва на „Националниот стадион“ во Варшава каде на теренот ќе истрчаат фудбалерите на Реал Мадрид и Аталанта. Освојувачот на Лигата на шампионите, наспротив победникот во Лига Европа ќе се борат за првиот европски трофеј во сезоната 2024/2025.
Реал Мадрид
Традицијата е на страната на шпанскиот тим. „Кралевите“ веќе имаат пет вакви трофеи во своите витрини, па се евентуален нов успех ќе ги минат на вечната листа Барселона и Милан кои исто така имаат по пет трофеи.
Карло Анчелоти како предводник на Реал, го посакува петтиот успех со што би станал единствениот тренер кому тоа досега му успеало. Во иста ситуација се Лука Модриќ и Дани Карвахал.
Прва шанса за радост на ќе има новото големо засилување за „лос бланкос“ Килијан Мбапе кој се очекува дури и да биде стартер на вечерашниот меч.
Аталанта
Од друга страна, италијанската екипа Аталанта, за прв пат игра во Супер купот. Ова тимот од Бергамо го заслужи со откако го освои својот прв европски трофеј.
Тоа Аталанта го стори со победата од 3-0 над Баер Леверкузен во финалето на Лига Европа минатата сезона. Ќе може ли италијанскиот тим да направи ново големо изненадување останува да видиме.
Натпреварот за трофејот на УЕФА Супер купот, Реал – Аталанта што ќе се игра вечерва, ќе почне од 21 часот.