Реал Мадрид создаде нов супер тим во кој е еден од главните играчи секако ќе биде Винисиус Јуниор.
Со своите настапи минатата сезона, Бразилскиот крилен напаѓач е кандидат за освојувач на Златната топка, а со тоа веднаш ги привлече најбогатите.
Од Саудиска Арабија пристигна вртоглава понуда за Винисиус, но и обештетувањето за Реал Мадрид.
Винисиус би добил плата од една милијарда евра. Да, милијарда евра за пет години.
Платата што би ја земал Винисиус е 20 пати поголема од онаа што ја зема во Мадрид. Договорот со клубот би бил потпишан на пет години, но Винисиус би потпишал и договор со Саудиска Арабија на десет години. Со тоа би станал еден од амбасадорите за добивањето на организацијата Светското првенство во 2034 година.
Тоа не е се. Саудиска Арабија подготвува и 400 милиони евра за обештетување што треба да му биде исплатено на Реал Мадрид.