Ватерполо репрезентацијата на Хрватска е втората што обезбеди пласман во финалето на Олимписките игри во Париз.

Хрватите во второто полуфинален меч на Олимпијадата, ја совладаа бронзената од Токио, Унгарија со 9-8. Во „тврд“ и резултатски израмнет натпревар, решавачка беше третата четвртина која Хрватите ја добија со два гола разлика. Во последната беше постигнат само еден гол и тоа на Унгарците, но недоволно да се избегне поразот.

Така Хрватска во финалниот дуел за златото, ќе го предизвика актуелниот олимписки првак Србија која во полуфиналето беше подобра од САД.

Натпреварите за медал ќе се играат на последниот ден, во недела.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА