Фудбалерите на Шпанија се првите финалисти на Олимписките игри во Париз. Шпанците во полуфиналето со пресврт во вториот дел го совладаа Мароко со резултат 2:1.

Херој на Шпанците беше играчот на Барселона, Фермин Лопез, кој погоди за 1:1, а потоа асистираше за пресврт и конечен резултат.

Сепак, Мароканците беа оние кои го отворија резултатот и тоа преку Рахими од пенал во 37-та минута. Тоа беше и резултат од првото полувреме (1:0).

Во вториот дел на сцена стапи Фермин Лопез. Прво во 66.минута постигна гол за 1:1, а во 85.минута му асистираше до Хуанлу за конечни 2:1.

Инаку, Фермин Лопез е потенцијалниот МВП на турнирот, бидејќи досега има постигнато четири гола и забележа една асистенција.

Во финалето Шпанија го чека најдоброто од мечот Франција – Египет.

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА
ОИ ПАРИЗ 2024 | ЗАВРШНИ НАТПРЕВАРИ РАСПОРЕД by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА