На фудбалскиот машки олимписки турнир во Париз, денеска се играат натпреварите од последното, трето, коло во групната фаза.

Од групата Ц, веќе завршија двата натпревари по кои Египет и Шпанија се пласираа во четвртфиналето. Ова откако Египет во директниот дуел славеше победа над Шпанија со 2-1 и го освои првото место. Шпанците завршија како второ пласирани пред Доминикана и Узбекистан.

Во дуелите од Б групата, Мароко веќе има убедлива предност од три гола против Ирак и сега е лидер на табелата. Директната пресметка меѓу Аргентина и Украина ќе решава за втората позиција.

ОИ ФУДБАЛ – МАЖИ
15:00 *Шпанија – *Египет 1-2 (Ц група)
15:00 Доминиканска Република – Узбекистан 1-1 (Ц)
17:00 Украина – Аргентина (Б група)
17:00 Мароко – Ирак …. сите три селекции имаат по 3 бода
19:00 Нов Зеланд – Франција (А група)
19:00 САД – Гвинеја
21:00 Израел – *Јапонија (Д група)
21:00 Парагвај – Малиот
*Обезбеден пласман во четвртфиналето

ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА