Најмладиот Македонец на Олимписките игри во Париз, Никола Ѓуретановиќ го имаше својот настап на олимпијадата.
16-годишниот Никола, настапи во првата квалификациска трка на 400 метри слободно.
Тој оствари време од 4:05,38 минути што беше доволно да петтото место во својата група. Тоа беше за речиси 3.секунди послабо време од неговиот најдобар резултат досега 4.02.61 минути, остварен во Дубровник годинава. Во секој случај пред ова младо момче претстои долга и се надеваме успешна кариера и нов настап на ОИ.
Македонскиот рекорд останува во сопственост на Марко Блажевски кој во оваа дисциплина има испливано 4:00,53 минути.
Во квалификациите настапија вкупно 38 пливачи.
За македонските олимпијци, следниот настап е веќе утре (недела). Анастасија Мојсовска која во стрелаштво ќе настапи во дисциплината воздушна пушка од 10 метри.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА