Вечерва на зајдисонце и официјално ќе почнат 33-тите Летни Олимписки игри (ЛОИ) во Париз.
Градот на светлината како ја нарекуваат француската престолнина, ќе блесне во полниот свој сјај. Париз ќе биде светската сцена на која ќе продефилираат повеќе од 10.500 најдобри спортисти и од целиот свет.
Церемонијата на отворањето на Игрите за прв пат се организира надвор од стадионот, во самиот град, односно на реката Сена.
Организаторите две години го подготвуваат теренот за парадата со чамци со кои ќе бидат превезувани спортистите од 206 национални олимписки комитети, но и Олимпискиот тим за бегалци. Меѓунив 10.714 спортисти ќе бидат и шестмина македонски предводени од знаменосците Дарио Ивановски и Милјана Рељиќ. Во скромната македонска делегација ќе бидат и: Никола Ѓуретановиќ, Анастасија Мојсовска, Владимир Егоров и Еди Шерифовски.
Цената на церемонијата на отворање е околу 150 милиони евра, а во организацијата на настанот учествуваат околу 15.000 работници и волонтери.
Додека чамците пловат по Сена, ќе настапат танчери, пејачи и акробати, изведувајќи дела на водата, на покривите на околните згради и на вештачките понтонски острови.
За безбедноста на учесниците ќе се грижат повеќе од 48.000 полицајци и војници, вклучително и членови на Легијата на странците.
Се проценува дека настанот долж сцената на реката Сена ќе го следат над 300.00 луѓе. Триипол часовното програма која ќе биде емитувано во сите земји во светот како и на социјалните мрежи и стриминг платформи се очекува да ја гледаат над 1,5 милијарди луѓе.
Почетокот на свеченото отворање на 33-тите ЛОИ е во 19.30 часот.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА