Освојувачот на ракометниот Куп на Македонија, екипата на Алкалоид означи почеток на подготовките за следната натпреварувачка сезона.
Во неа тимот од Автокоманда, освен што ќе го брани куп трофејот, повторно ќе се вмеша во трката за титулата.
Покрај домашните обврски, Алкалоид повторно ќе има обврски и на европската сцена. По ланскиот деби настап во Европската лига, следната сезона „фармацевтите“ ќе играат во ЕХФ Европскиот Куп.
Според планот, тимот ќе биде во Скопје до 3 август, а потоа заминува на десетдневни подготовки во Маврово.
Првиот контролен натпревар е закажан на 17 август против Врање (Србија), а од 20 до 24 август, настап на турнирот „Крсте Андоновски“ во Охрид. Таму во групната фаза Алкалоид ќе одигра против Динамо Панчево, Олимпијакос и Ловќен. Потоа и дуелите за пласман во конечниот поредок.
На стартот на подготовките во таборот на Алкалоид беа преставени и четирите ново имиња.