Екипата на Алкалоид попладнево го одржа првиот тренинг како дел од подготовките за новата сезона.
Тренерот Кирил Лазаров на располагање ги имаше и четворицата нови ракометари, кои ќе го носат синиот дрес на тимот од Автокоманда.
Четири нови имиња во РК Алкалоид се:
Марко Кизиќ (23 г. голман). Долгогодишен репрезентативец на Македонија во сите категории кој доаѓа од Е. Пелистер, а зад себе има настапи и во Вардар.
Никола Костески (31 г., десно крило). Искусен ракометар и репрезентативец на Македонија кој последната сезона ја мина во чешки Плзен каде беше меѓу најдобрите стрелци. Низ својата кариера, Костески играше за: Холабрун и Линц (Австрија), Татран Прешов (Словачка), Ешкишехир (Турција), како и македонските Металург и Борец.
Михаил Иваноски (21 г., десен бек). Младиот ракометар е прекомандувам од погонот на Мулти Есенс. Тами Михаил минатата сезона имаше забележителни настапи и оствари играчки напредок, а тоа не остана не забележано од тренерот Лазаров.
Франциско Оливеира Да Силва (25 г., лев/среден бек). Португалски интернационалец ни доаѓа од редовите на унгарски Егер. Претходно настапуваше за Гвадалахара во шпанската АСОБАЛ-лига, како и за Виторија и Брага во Португалија.