Иако официјално ОИ во Париз свечено ќе бидат отворени во петок, уште на првиот натпревар се случи голем скандал.
Имено натпреварот од фудбалскиот машки турнир меѓу Аргентина и Мароко почна во 15, а заврши во 19.15 часот.
Официјалниот резултат е 2:1 за Мароко. Иако Аргентина во 106-тата минута постигна гол за 2:2, сепак тој беше поништен.
По постигнувањето на голот мароканските навивачи влетаа во терен, фрлаа предмети, по што двете селекции се упатија во соблекувалните. По повеќе од два часа прекин и прегледување на видео снимката голот на Гаучосите беше поништен.
Трибините на стадионот во сент Етиен беа испразнети, фудбалерите се вратија да ги „доиграат“ завршните секунди, чекајќи го последниот свиреж на главниот „актер“ на натпреварот, шведскиот судија Ниберг.
Официјалниот резултат е 2:1 за Мароко