Супер интересни и возбудливи беа првите два натпревари на фудбалскиот олимписки турнир во Париз.
Фаворитите за златниот медал Аргентина и Шпанија не минаа лесно во дуелите со Мароко и Узбекистан.
Аргентинците дури се спасија од пораз во 16-тата минута од судиското дополнение 106-та. Во дуелот од Б групата, Гаучосите беа пред пораз од Мароко, кој водеше и со два гола разлика. Сепак Сименоне во 68-та минута и Медина во 106-тата донесоа „реми“ на Аргентинците.
Во оваа група се и селекциите на Украина и Ирак.
Нешто поладно од Аргентинците минаа Шпанците кои во дуелот од Ц групата го победија Узбекистан со 2-1. Египет и Доминиканската Република се другите две селекции во оваа конкуренција.
ОЛИМПИСКИ ИГРИ | Париз 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА