Македонскиот шампион во женската ракометна конкуренција, Ѓорче Петров го претстави првото засилување за претстојната сезона.
Станува збор за левиот бек Јана Калајџиевска, која пристигнува од тимот на Металург Автокоманда. Таа помина една сезона во тимот на Металург Автокоманда, каде се истакна како една од поквалитетните играчи.
Калајџиевска потекнува од струшкиот клуб Стружанка, по што потоа долг период настапуваше за тимот на Металург.
Од тимот на Ѓорче Петров си замина само бекот Ангела Јанкуловска која потпиша со Славија Прага од Чешка.
Во Лигата на Европа, Ѓорче Петров ќе се соочи со шведскиот тим Хорс во второто квалификациско коло. Доколку го победи, во третата рунда, ќе игра против францускиот Париз.
Ивона Кимовска