, Македонска тенисерка Лина Ѓорческа која со победата во полуфиналето на ИТФ фјучрсот W75 Рим над Хрватката Петра Марчинко избори финале. Лина славеше со 2-1 по сетови (5-7, 6-2 и 6-1) .
Ова за Ѓорческа е второто финале во 2024 година (во март играше во Ларнака, Кипар), а вкупно 35.то во кариерата и има 13.титули. Воедно ова е финале на турнир со најголем награден фонд на кој ќе игра за 75.000 долари.
Самиот меч почна со брејк на македонската тенисерка, а во првите четири гема нитуи една тенисерка не успеваше да освои гем на свој сервис. Хрватката Марчинко поведе со 3:2 во гемови, но Ѓорческа врати и имаше водство од 5:3. До крајот на сетот освои само пет поени, а ривалката четири гема и го доби сетот со 7:5.
Во вториот сет повторно на стартот брејк за Ѓорческа, која по 1:1 во гемови направи серија од три гема за предност од 4:1. Лина сетот го заврши со 6:2 во гемови и успеа да изедначи.
Дека е решена да игра финале, македонската тенисерка покажа во решавачкиот сет. Поведе со 4:0 во гемови, што беше најава за победата, а го заврши сетот со 6:1 во гемови.
Во финалето противничка ќе и биде Оксана Селехметева од Русија (21 година, 415.место ВТА).
Селехметева најдобриот ранг во кариерата го имала на 8.август 2022 година кога била пласирана на 138-то место на ВТА.