Шпанскиот фудбалер Ламин Јамал ​​со голот против Франција стана најмладиот стрелец во историјата на европските првенства.

Французите водеа од 9.минута со голот на Рандал Коло Муани во полуфиналето против Шпанија и одлично го одржуваа водството до 21.минута.

Потоа Ламин Јамал ​​со прекрасен гол од дваесетина метри го израмни резултатот. Со тоа Јамал стана најмладиот стрелец во историјата на еврото со 16 години и 362 дена.

Досега рекордот го држеше Швајцарецот, Јан Вонлантен, кој постигна гол во поразот од Франција во 2004 година. Тој тогаш имаше 18 години и 141 ден.

Шпанија на полувремето имаше предност од 2-1.