Познати се комплетните парови за четвртфиналето на Европското фудбалско првенство во Германија. На шампионатот следува два дневна пауза, а возбудувањата продолжуваат во петок (5 јули).
Само еден од петте преостанати фаворити ќе може да стигне до финалето, додека вицепрвакот Англија, отворен и е патот кон Берлин.
Ни помалку, ниту повеќе, четвртфиналето ќе почне со дербито на оваа рунда. Од двете селекции кои покажаа најмногу, само една ќе мине во топ четирите. Домаќинот Германија ќе биде пред вистински испит бидејќи за противник ќе ја има перфектната Шпанија. „Црвената фурија“ на убедлив начин ги доби сите четири натпревари во досегашниот тек на првенството.
Истиот ден ќе го дознаеме и првиот полуфинален пар. Победникот од дуелот во Штутгарт, ќе игра со подобриот од натпреварот од Хамбург, каде ќе следи уште едно дерби. Во него Франција предводена од Мбапе ќе се судри во Португалија на Кристијано Роналдо.
Ден подоцна (сабота – 6 јули) на програмата се преостанатите два четвртфинални дуели, кои ќе го формираат вториот пар за полуфиналето.
Во Дизелдорф, Холандија за противник ќе ја има Турција, а во Берлин ќе играат Англија и Швајцарија.
Натпреварите ќе се играат во термините од 18 и од 21 часот.
Во продолжение, погледнете го патот до финалето во Берлин, закажано за 14 јули.
euro 2024 Bracket by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА