Фудбалерите на Португалија и Словенија го играат шестиот натпревар од осминафиналето на Европското првенство во Германија.

Тоа е дуел на еден од фаворитите за титулата и селекцијата состав кој веќе постигна историски резултат.

Португалците во првите три дуели од групната фаза, покажаа три различни „лица“. Одиграа треперливо против Чешка (3-1), блескаво против Турција (3-0) и многу лошо издание со Грузија (0-2). Сепак завршија како прво рангирани во сојата конкуренција, но покажаа дека може да бидат и ранливи.

Словенија нема што да загуби, откако ја мина групата со Англија, Данска и Србија.

Три натпревари, три бода, три нерешени. Два примени и два постигнати гола. Словенците покажаа дека се тврд противник, дисциплинирани, борбени до самиот крај. Тоа е начинот на кој Кек и неговите избраници се вброија меѓу 16-те најдобри.

Иако остварија историски успех, сега сакаат и чекор понатаму. И има зошто да веруваат Словенците дека може да ги минат Португалците.

Неодамна овие две репрезентации ја одиграа првата меѓусебна средба. Со триумф од 2:0 на пријателски натпревар на домашен терен, Словенците посочија дека се незгоден ривал доколку не бидат сфатени сериозно. Три месеци по прославата во Љубљана, е закажан првиот официјален натпревар меѓу Португалија и Словенија.

Натпреварот во Франкфурт започнува во 21 часот, а по него ќе го дознаеме шестиот учесник во четвртфиналето на ЕУРО 2024-та.

euro 2024 Bracket by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА