Репрезентациите на Франција и Белгија ќе излезат на мегдан за четвртфинале. На ЕУРО 2024 двете репрезентации ме беа најубедливи ама имаа свои адути.

Франција нема постигнато гол од игра цело првенство.

Французите со 5 бода беа втори во нивната група иако сите прогнозираа дека ќе бидат убедливо бидат први. Првиот дуел Франција триумфираше со 1:0 над Австрија со автоголот на Вобер. Против Холандија одигра 0:0, а со со голот го постигна Мбапе од пенал ремизираа 1:1 со Полска.

Франција цели кон финале и трофеј, а пред стартот на шампионатот важеше за втор фаворит.

Но, Триколорите не беа убедливи со својата игра во групната фаза. Затоа сега ќе мораат да најдат решение , пред се да ја подобрат реализацијата, и да имаат поефикасна завршница.

Белгија пак цела групна фаза беше дефиниција за „топло-ладно”.

Кога и да играа Белгија добро тука беше Лукаку, кој ка засенуваше целата своја репрезентација со неговите промашени обиди и голови од офсајд. Белгија загуби од Словачка 1:0, триумфира над Романија со 2:0 и одиграа за нив задоволителни 0:0 со Украина.

Според играта Белгија располага со играчи на кои „им оди” и на кои „не им оди” па така ако селекторот Тедеско се надева на победа против Франција или некој успех на ЕУРО 2024 ќе мора да го најде правиот рецепт.

Франција и Белгија својот натпревар ќе го одиграат својот натпревар во 18 часот, на „Меркур Шпил Арената” во Дизелдорф. Победник од овој дуел ќе чекаат Португалија и Словенија кои нивниот дуел го играат во 21 часот.

euro 2024 Bracket by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА