Репрезентацијата на Шпанија својот пат кон нова европска титула го започнува против Грузија. Шпанците кои пред ова првенство беа во сенка на останатите фаворит одиграа маестрално во групната фаза. За Грузија пак прогнозите беа дека нивното дебитантско ЕУРО ќе заврши уште во групната фаза.

Шпанија се досега одигра моќно и е единствена селекција која победени на сите три натпревари во групната фаза.

Со 3:0 ја демолираа Хрватска, а со 1:0 триумфираа и над Италија и над Албанија. Шпанската фурија е предводена од Ламин Јамал кој изненадува се повеќе и повеќе со својот талент. Фабијан Руиз немаше најсјајна сезона, но на ЕУРО 2024 игра како препороден. Даниел Карвахал ја играта целата оваа сезона како да е во најдобрите фудбалски сништа. Селекторот Де ла Фуенте беше критикуван при неговиот избор на фудбалери. Сепак дефинитивно направи одличен потег и сега може да се надева дури и на најголемиот успех.

Грузија пак е предводена од најдобриот стрелец ова првенство Џорџес Микаутадѕе кој постигна гол на секој натпревар.

Грузијците беа апсолутен аутсајдер, но со победата против Португалија покажаа поголема зрелост од тоа што им беше претскажувано. Оваа селекција не е за потценување, бидејќи иако има индивидуалци, има и одличен тимски дух, па така кога и да си отидат дома ќе биде нивната нација презадоволна.

Шпанија и Грузија својот осминафинален меч ќе го одиграат на „Рајн Енерџие Стадиум” во Келн, со почеток од 21 часот. Подобриот од овој меч во четвртфиналето ќе оди на „мегдан“ со домаќинот Германија.

euro 2024 Bracket by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА