Новиот ден на Европскиот фудбалски шампионат носи две нови осминафинални пресметки. Домаќинот Германија и селекцијата на Швајцарија ќе ги дознаат противниците за четвртфиналето.

Во првиот осминафинален дуел помеѓу Англија и Словачка има две приказни со два различни посакувани краја. Од едната страна е Англија која цели кон трофејот, а за тоа мора да го поправи впечатокот од групната фаза.. Од другата страна е Словачка, репрезентација која изненади во групите и сака да приреди ново изненадување.

Англија иако освои 5 бода во нејзината група тоа не беше велата приказна за нив.

На хартија тие ја имаа најлесната група, но само успеа да триумфираат минимално против Србија со 1:0. Со Данска одиграа 1:1, натпревар на кој беа премногу „бледи“. Против Словенија одиграа 0:0 иако создадоа неколку шанси, но избраниците на Саутгејт никако не можеа да ја погодат мрежата. Среќата можеби е на нивна страна бидејќи, но сега задачата е потешка. Иако се во полесниот дел од „костурот“ Англичаните ќе мора добро да ја оправдаат улогата на главен фаворит за трофејот.

Словачка е пријатно изненадување на ова ЕУРО.

Триумф над Белгија од 1:0, пораз од Украина со 2:1 и 1:1 со Романија беше доволно Словачка да ја помине група како една од најдобрите трето пласирани селекции. Со нивната моментална форма Словаците се надева ќе им создадат големи проблеми на Англичаните на кои ја препуштаат фаворитската улога.

Со почеток од 18 часот на „Велтнис Арена” во Гелзенкирхен во третиот осминафинален дуел ќе се пресметаат Англија и Словачка. Англија има многу што да загуби, додека пак Словачка може само многу да добие.

Исходот од овој меч го чекаат фудбалерите на Швајцарија кои во осминафиналето го елиминираат бранителот на шампионскиот трофеј Италија.

euro 2024 Bracket by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА