Одиграни се натпреварите од 2.коло на Копа Америка во групата Б, по кои Венецуела обезбеди четвртфинале.
Иако пред почетокот на натпреварувањето Еквадор и Мексико важеа за фаворити во групата, а Венецуела и Јамајка за аутсајдери, фудбалерите на Венецуела веќе се меѓу осумте најдобри. Затоа еден од „фаворитите“ Еквадор или Мексико ќе биде елиминиран.
Венецуела стигна до втората победа, откако го совлада Еквадор славеше и над Мексико со 1:0. Стрелец на единствениот гол беше Саломон Рондон во 57. минута од пенал.
Во вториот меч Еквадор победи против Јамајка со 3:1 и доби можност во последното коло против Мексико да решава за четвртфиналето.
Со првото полувреме Еквадор водеше со 2:0 о автоголот на Кејси Палмер и оној од пенал на Кендри Паез. Во 54-тата минута Михаил Антонио ја врати надежта на Јамајка. Сепак, Јамајканците не успеаја да израмнат, а во 91.минута Алан Минда ја потврди победата на Еквадор со конечни 3:1.
Така по два одиграни натпревари, Венецуела е лидер на табелата со шест, а по три бода имаат Еквадор и Мексико, додека Јамајка остана на нула.