По само една сезона пауза, тунискиот репрезентативец Усама Хосни повторно ќе го носи дресот на Еурофарм Пелистер. Ова денеска го потврдија од редовите на македонскиот ракометен шампион.

31-годишниот десен бек, потпиша договор на една сезона и наскоро се очекува да дојде во Битола.

Хосни го носеше дресот на Ал-Араби минатата сезона, откако со Еурофарм Пелистер претходната (2022/23) ја освои титулата. Освен во Македонија и Кувајт, Хосни настапуваше во својата земја, во Франција и Катар.

Претставувањето на Хосни во Битола е предвидено на стартот на подготовките, на крајот од месец јули.