Во Скопје се играат завршите денови од Светското првенство за ракометарки до 20 години. Тоа е поводот поради кој Претседателот на Светската ракометна федерација (ИХФ) Хасан Мустафа е во нашиот главен град.

Првиот човек на ИХФ, ја искористи можноста да оствари средба и со македонскиот државнички врв.

Мустафа заедно со Претседателот на РФМ, Живко Мукаетов и Генералниот секретар, Филип Милошевски, беа на средба со Премиерот, Христијан Мицкоски и Министерот за спорт, Борко Ристовски.

На средбата се разговарало за унапредување на македонскиот спорт, инвестиции и визии за иднина.