На Европското фудбалско првенство во Германија, денеска е првиот од двата слободни денови. Репрезентациите тоа ќе го искористат за трансфер во градовите, а дел од нив веќе продолжуваат со тренинзите.

Останаа уште 16 репрезентации кои во сабота ќе ја почнат нокаут фазата.

Неколкуте изненадување во групната фаза придонесоа дел од фаворитите да не завршат на посакуваното место.

Таков е пред се случајот со Франција и Белгија, селекции кои се вбројуваат во ТОП шесте за освојување на трофејот. Двете репрезентации завршија како второ пласирани во своите групи, па според системот за натпреварување тие ќе се „судрат“ во осминафиналето.

Тоа секако ќе дербито на оваа рунда, а ќе се игра во Дизелдорф во понеделник (1 јули) од 18 часот.

Осминафиналната рунда ќе ја отворат актуелниот шампион Италија и селекцијата на Швајцарија, кои ќе играат во сабота од 18 часот во Берлин.

Истиот дел, но во вечерниот термин од 21 часот, во Минхен, домаќинот Германија ќе игра против Данска.

Интересно е да се издвои дека според „костурот“ на натпревари, пет од ТОП седумте фаворити се на истата страна. Така само еден од нив ќе игра во финалето. Потешкиот пат ќе треба да го минат, Шпанија, Германија, Португалија, Франција и Белгија.

Во втората се актуелниот шампион Италија и вицепрвакот Англија, но само една од нив може до финалето.

Патот до финалето закажано за 14 јули во Берлин, ќе биде долг и тежок, а само најдобрите ќе имаат можност да се борат за шампионскиот трофеј.

Комплетниот распоред и „костурот“ за нокаут фазата може да го видите во продолжение.

euro 2024 Bracket by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА
ДНЕВЕН РАСПОРЕД | EURO 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА