Репрезентацијата на Украина иако освои четири бодови во групната фаза, сепак го заврши настапот на Европскиот шампионат. Ова е епилогот по „мирољубивите“ одиграни дуели од последното 3.коло во Е групата.

Украина одигра 0-0 со Белгија, а Романија и Словачка 1-1, па сите четири селекции завршија со по 4 освоени бодови.

Но, епилогот е разочарувачки за Украинците кои сепак мора да ги спакуваат куферите и да се простат со ЕУРО 2024-та.

Затоа пак Романија заврши како прва, пред Белгија и Словачка, па трите селекции ќе играат во осминафиналето.

РЕЗУТАТИ И ТАБЕЛИ/ГРУПИ | EURO 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА