Во вечерниот термин од 21 часот на Европското првенство во Германија на програмата се двата натпревари од Ф конкуренцијата, последни во групата. По нив ќе дознаеме која селекција ќе и се приклучи на Португалија во осминафиналето.

Португалците со двете победи веќе си ја завршија работата и си изборија место во нокаут фазата.

Дуелот со Грузија за нив нема резултатско значење, па може да се очекува селекторот Мартинез да направи промени и да испроба различни стратегии.

Грузијците пак, победата е единствената опција, а тоа ќе мора да го направат противи селекцијата која покажа најдобра игра на шампионатот.

Во вториот натпревар, Турција и Чешка ќе играат за второто место во групата. На Турција и е доволно и реми, а Чесите мора да победат.

Помалку шанси за минување на групата има Чешка. Тие имаат само еден освоен бод, па за пласман во следната рунда ѝ требаат најмалку три.

Натпреварите што ќе почнат од 21 часот, ќе се играат во Хамбург и Гелзенкирхен.

РЕЗУТАТИ И ТАБЕЛИ/ГРУПИ | EURO 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА