репрезентациите на Франција и Полска одиграа „мирољубиво“ во последниот натпревар од Д групата на ЕП.

Дуелот во Дортмунд заврши без победник 1-1, а за Полјаците тој не менуваше ништо. Тие и онака го немаа шанси за пласман во осминафиналето, но одиграа за честа и за својот најдобар играч.

Капитенот на Полска, Роберт Левандовски беше стрелец на израмнувачкиот во 79-тата минута. Со тоа Левандовски стана само третиот играш на Европските првенства кој успеа да постигне гол на три или повеќе шампионатот.

Претходно тоа им успеа на капитените на Португалија и Хрватска, Кристијано Роналдо и Лука Модриќ.

Голот на Французите на овој меч го постигна Килијан Мбапе (56) исто така од пенал.

Триколорите завршија како второ рангирани во групата зад Австрија која ја победи Холандија, која пак е трета.