Новиот ден на ЕУРО 2024-та во Германија носи дури четири натпревари. По два ќе се играта во термините од 18 и 21 часот, а по нив ќе дознаеме нови репрезентации кои ќе се пласираат во осминафиналето.
Први на програмата се натпреварите од групата Д, меѓу Франција и Полска, односно Австрија и Холандија.
Франција влегува во дуелот против Полска по победа за прво место. Полјаците се веќе испаднати и немаат друга причина освен да играат за честа и да го покажат своето најдобро. За Франција голем „бонус“ е најавата и враќање на Килијан Мбапе ама сеуште не се знае дали ќе го започне натпреварот.
„Триколорите“ кои имаат четири бода и во случај на пораз ќе се пласираат во осминафиналето, па дури и ако бидат трето рангирани во групата.
Калкулации се можни и на натпреварот во Берлин меѓу Холандија и Австрија бидејќи веќе имаат четири односно три бодови. Нерешен резултат им одговора на двете селекции, а тој им гарантира сигурно осминафинале.
Сигурно дека двете селекции ќе се обидат да стигнат и до првата позиција која би мим донела, условно полесен противник во нокаут фазата. Холандија на првите два меча покажа дека е моќна селекција, но и Австрија не се за потценување.
„Сигнал Идуа Парк” во Дортмунд ќе ги нагости Франција и Полска, додека Холандија и Австрија ќе играат на „Олимпискиот Стадион“ во Берлин. Дуелите се на програма од 18 часот.
РЕЗУТАТИ И ТАБЕЛИ/ГРУПИ | EURO 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА