Десеттиот ден на Европското фудбалско првенство во Германија, го носи почетокот на последната трета рунда во групната фаза. Досега пласман во осминафиналето осигураа три селекции, домаќинот Германија, Шпанија и Португалија, кои остварија по две победи. За останатите 13 места во нокаут фазата ќе се води голема борба.

Во групата А ќе се одлучи вториот патник кој ќе и се приклучи на домашната Германија. Во игра за второто место сеуште се Шкотска и Швајцарија, иако на Шкотите шансите се по минимални за разлика од Швајцарците. Унгарците пак, само со победа, теоретски би можеле да се вбројат меѓу четирите селекции со најдобар ранг од шесте групи.

ГЕРМАНИЈА – ШВАЈЦАРИЈА

Германија е сигурен патник во осминафиналето. Домаќините одиграа перфектно на првите два натпревари и заслужено се наоѓаат во нокаут фазата. Швајцарија пак на друга страна „виси” поради нерешениот резултат против Шкотска.

Швајцарија со сите сили ќе се спротивстави на домаќинот кој сака да ја сочува првата позиција. На Швајцарија доволно и е реми со кое би имале 5 бода и математички невозможно за Шкотите да ги престигнат.

ШКОТСКА – УНГАРИЈА

Шкотска пак ќе се соочи со речиси испратената Унгарија. Само теорија и премногу математики на натпреварите во другите групи, би ги оставиле Унгарците на ова ЕУРО.

Шкотите во случај на пораз на Швајцарија, би можеле да бидат дури и второ пласирани, но само ако ја надополнат негативната гол разликата.

РЕЗУТАТИ И ТАБЕЛИ/ГРУПИ | EURO 2024 by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА

Двата натпревари ќе се одиграат во 21 часот. Шкотска и Унгарија натпреварот ќе го одиграат на „МХП Арена” во Штутгарт, додека на „Дојче Бан Парк” во Франкфурт, домашната Германија ја пречекува Швајцарија.