Во второто коло од групата Ф ќе се соочат Португалија и Турција. Роналдо и неговата Португалија се на мисија кон историја, а младата ѕвезда Арда Ѓулер и неговата Турција сакаат да направат нова „магија“ на ЕУРО 2024.
Португалија одигра тежок и жежок натпревар против Чешка.
Со 2:1 триумфираа Португалците, но и самите тие знаат дека тоа не беше нивната најдобра претстава. Со победа против Турција, Португалија ќе го завери осминафиналето, а со тоа и шанса за Роналдо за нов европски трофеј.
Турција одигра извонредно против Грузија и се подготвува за ново „магично“ издание.
Досега без сомнежи тоа беше најдобриот натпревар кој се одигра на Европскиот шампионат во Германија. Сепак дали овој тим на Турција има доволно сила да се спротивстави на еден од фаворите за евро-трофејот, останува да се види.
Со почеток од 18 часот , на „Сигнал Идуна Парк” или „Вестфален” во Дортмунд ќе се соочат Португалија и Турција.