Селекциите на Грузија и Чешка ќе се соочат во второто коло од групата Ф. Двете селекции сакаат да го оправдаат добриот впечаток кој го стекнаа со нивната играта во првото коло.
Чешка даде силен отпор на силната Португалија иако загуби со 2:1. Репрезентацијата на Чешка одигра тактички одличен натпревар, постигна преубав гол преку Лукас Провод, но не успеа после тоа да ги издржи налетите на Португалија. Ако Чесите сакаат пласман во следната рунда ќе мораат да одиграат на исто ниво против Грузија, репрезентација против која си ја гледаат најголемата шанса за победа.
Грузиците пак беа дел од најинтересниот натпревар на ова ЕУРО и тоа против Турција. Иако загубија со 3:1, покажаа зрелост и умешност и претставуваа голем проблем на Турците. Со прикажаното Грузиците не само што даваат надеж на својата нација, туку си влеваат самодоверба дека можат не само до победа против Чешка, туку дека можат до нокаут на ЕУРО.
Сепак пред да се радуваат на нокаут мораат двете репрезентации да се соочат меѓусебно. Тоа ќе се случи во 15 часот на „Фолкпарк стадиум” во Хамбург.