Новиот ден на ЕУРО 2024 во Германија го отвораат репрезентациите на Словачка и Украина. Селекцијата на Украина ќе мора на поправен испит. по „киксот“ во првото коло, а Словачка сака да го завери своето место меѓу најдобрите 16.
Словачка пријатно изненади со победата над Белгија од 1:0. Со тоа Словачка може да се надева на нокаут фаза со барем уште еден позитивен резултат. Шансата ќе ја имаат против Украина која иако поседува квалитетен состав, но потфрли во првото коло.
Украина во првото коло загуби од Романија.
Романците им приредија изненадување на Украинците со нивната игра и стигнаа до триумф од 3:0. Голманот ЛуNин е кривецот кој што беше прозван меѓу Украинците поради неговиот нетипично лош перформанс. Украина мора да почне силно, да го искористи поголемото искуство на нивните играчи ако сака да биде во нокаут фазата на ЕУРО 2024.
Со почеток од 15 часот на „Меркур-Шпил Арена” во Диселдорф, ќе се случи да се биде или не и за репрезентативните селекции и на Украина и Словачка.