Балканското дерби на ЕУРО 2024-та меѓу Словенија и Србија донесе големи возбудувања во на самиот крај.
Дуелот од 2.коло во „Ц “ групата, одигран во Минхен, а заврши без победник 1-1, благодарение на Лука Јовиќ.
По досадното првото полувреме, во второто многу повеќе возбудувања. Дополнителен жар на играта донесе водството на Словенците.
Во 69.минута по брзата акција на Словенците, Елшник одлично го проигра Жан Карничник кому не му беше тешко да го совлада Рајковиќ.
Само три минути подоцна Срните ја имаа најголемата шанса за израмнување. Но, ударот на Александар Митровиќ ја погоди гредата од голот на Јан Облак.
Кога сите очекуваа крај на натпреварот на сцена настапи Јович. Во шестата минута од судиското дополнение, фудбалерот на Милан, со прекрасен гол со глава го израмни резултатот на 1-1.
Со овој гол на Јович, Србите го освоија првиот бод и останаа во игра за место во осминафиналето. Словенците имаат два бода, но во последното коло ќе играат против Англија.